Македонија

Власта и опозицијата не најдоа заеднички јазик за СЈО – работната група го прегледа предлог-законот

По завршувањето на работната група која денеска го разгледуваа законот за Јавно Обвинителство во Министерството за правда, на прес конференција министерката, Рената Дескоска изјави дека по долгата средба е прегледан целиот закон, но со претставниците од ВМРО-ДПМНЕ не бил пронајден заеднички јазик околу СЈО, пренесува ТВ21.

Изјава на министерката за правда, Рената Дескоска

Изјава на министерката за правда, Рената Дескоска

Gepostet von TV21 am Montag, 18. März 2019

„Разговаравме член по член, го поминавме целиот закон, ако на другите членови можевме да најдеме заеднички јазик, кај СЈО не можевме. Барањето кое го доставија, СЈО да биде дел од Обвинителството за организиран криминал, а не посебно обвинителство, е прашање кое реално не може да биде прифатено од причина што СЈО треба да продолжи како обвинителство, а не како одделение во друго обвинителство. Друга клучна работа е околу истрагите кои се во тек од СЈО предистражни постапки и обвиненија кои се покренати по 18 месеци од предавањето на материјалите. Барањето кое значи прекинување на овие постапки и потоа ако треба нивно одново почнување значи и на некој начин губење на големи број на докази кои што би биле сериозни докази во постапките и на тој начин нивниот предлог значи не завршување во целост постапките“, рече Дескоска по завршувањето на работната група.

Заврши средбата на која се разгледува законот за СЈО

Заврши средбата на која се разгледува законот за СЈО

Gepostet von TV21 am Montag, 18. März 2019

Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека СЈО треба да биде одделение во Јавното Обвинителство за организиран криминал, а предметите кои се почнати до 30 јуни да продолжи да ги работи СЈО, а за останатите предмети сметаат дека тоа е нерелевантна истрага.

На денешниот состанок биле презентирани аргументите, а од власта бараат СЈО да продолжи да ја истражува корупцијата и упатија порака до ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш да ги преиспитаат ставовите кои ги имаат, а нивните предлози до четврток треба да ги поднесат во форма на амандмани, а во петок пак повторно ќе се седне на маса и ќе се разговара за законот за Јавното Обвинителство.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни