ВЛЕН: Анкентната комисија мора да ги открие вистините за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, бидејќи со години граѓаните беа оставени без одговори и манипулирани. Оваа практика мора да заврши, велат од ВЛЕН во соопштение до јавноста.

„Нашиот став беше и останува јасен дека е потребна сеопфатна комисија, избегнувајќи каков било селективен или политички мотивиран пристап, и токму таква комисија се формира.

Сега комисијата сериозно ќе ги испита и со широк мандат сите сериозни случаи што ја потресоа земјата низ годините, од Дурмо Турс и Беса Транс, до модуларната болница и трагедијата во Кочани. Само таков сеопфатен пристап може да ги истакне неуспесите и институционалните празнини што одзедоа животи.

ВЛЕН очекува оваа комисија да ги истакне не само индивидуалните неуспеси, туку и моделите на лошо управување што дозволија последователни трагедии низ годините“, се вели во соопштението на ВЛЕН.