Процесот на гласање на локалните избори се одвиваше мирно и уредно во сите општини низ земјата. Според информациите од теренот, гласањето се реализираше без поголеми неправилности, додека мнозинството граѓани го искористија своето право на глас на најдобар можен начин, велат од ВЛЕН на прес-конференцијата.
Од ВЛЕН им се заблагодарија на сите граѓани кои учествуваа на изборите, оценувајќи дека нивното учество е доказ за висока демократска и граѓанска свест. „Ова е сликата што ја посакуваме за нашата земја – фер и мирен процес кој покажува дека демократијата се зајакнува и дека граѓаните се свесни за тежината и значењето на нивниот глас“, истакнаа од партијата.
По еден мирен и демократски ден, од ВЛЕН очекуваат добри резултати и победи во секоја општина, кои, според нив, ќе го одразат довербата во нивната визија за развој и работа.
Партијата апелираше и до Државната изборна комисија фазата на затворање и броење на гласовите да се спроведе со целосна транспарентност, прецизност и професионалност, во согласност со законските прописи.
„ВЛЕН останува посветен на фер избори и на почитување на секој глас. Денешниот ден е јасен доказ дека граѓаните сакаат стабилност, работа и одговорност, порака што ќе ја прочитаме со понизност и целосна почит кон нивната волја“, нагласија од партијата.