Активната блокада е ефективна, откако СДСМ не го поддржа законот за АРМ предлог на ВМРО-ДПМНЕ, не можеа да донесат ниту дневен ред, велат од опозициската ВМРО ДПМНЕ.
Во партиското соопштение се додава:
„СДСМ и ДУИ вчера се ставија против армијата и не го поддржаа законот за АРМ предлог на ВМРО-ДПМНЕ со кој им се подобрува статусот на припадниците на армијата. СДСМ и ДУИ работат на штета на војската и ги манипулираат војниците. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ откако не помина овој закон во текот на целиот ден спроведоа активна блокада со што оневозможија едноумие на СДСМ и ДУИ, кое има за цел само личен бенефит на поединци, но не и на народот. Активната блокада продолжува и денес. ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на се што не е во полза на граѓаните и на се што не е нужно за државата, а значи оптеретување на буџетот или полза на СДСМ и ДУИ. Ковачевски да се охрабри и да се спроведе дијалог за предвремени парламентарни избори. Избори се потребни час поскоро“.
Од СДСМ пак велат дека пратениците во Собранието се избрани од народот и се платени со пари од граѓаните, за да ги застапуваат нивните интереси, да носат решенија во интерес на граѓаните и државата.Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои го блокираат и бојкотираат Собранието, кои не работат ништо, не смеат да бидат платени од граѓаните за својата неработа и деструктивно однесување.
Оттаму посочуваат дека пратениците не ги извршуваат своите задачи за кои се платени и ја попречуваат работата на целото Собрание, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да се откажат од платите, дневниците, патните трошоци, службените телефони и овие пари да ги вратат на граѓаните, затоа што во вакви околности сето тоа не треба да им следува.
-Ако се земе бројот на пратеници и просечната плата на еден пратеник, тоа се 40.000 евра народни пари за еден месец само за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и тоа само за основните плати.Дополнително, пари од граѓаните добиваат и за дневници, за патни трошоци, за службени телефони.Кога се одлучиле наместо на граѓаните, да му служат на нивниот партиски шеф Христијан Мицкоски, тогаш од него нека бараат плати за ваквото деструктивно однесување на штета на граѓаните и државата, посочуваат од владејачката партија.