Оставка на Филипче не бара ВМРО-ДПМНЕ, туку пред се функционерите и членовите на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
„Очигледно дека СДС е во терминален стадиум од кој нема спас.
Ние, сепак, им посакуваме да се соземат и да се сосредоточат на вистинските бројки затоа што само така ќе извлечат вистински поуки за оваа мега казна што ја добија од граѓаните.
Истовремено, за да им помогнеме им ја испраќаме оваа мапа на која јасно се гледа магнитудата на нивниот историски пораз“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.