Од ВМРО-ДПМНЕ велат Венко Филипче наместо да глуми лажна загриженост за здравјето на луѓето да им се извини на граѓаните за тоа што во негово време како министер здравствениот систем беше во хаос, за жртвите во корона кризата, за недостатокот на медицинска опрема, за пожарот во модуларната болница.
„Филипче кој како министер за здравство не обезбеди кислород во болниците и кој ги остави граѓаните без заштита во најтешките моменти, денес држи лекции за одговорност и грижа за здравјето.
Филипче да им се извини на граѓаните за сите катастрофи и за сето сторено во неговото време за сите здравствени, еколошки и национални порази.
Каде беше Филипче зошто не одговараше и не побара одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово?
За разлика од минатото денес институциите реагираат одговорно, а истрагата ќе покаже како дошло до пожарот во Трубарево.
Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ“, порачаа од партијата.
Читај и ова:
- 1.ВИДЕО Еве кои се лицата кои го оставија празниот куфер кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
- 2.Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 20 степени
- 3.Како да спиете со затнат нос? Обидете се со овие метод
- 4.Го славиме Свети Јован Богослов, апостол и евангелист
- 5.ЕУ и ОН повикуваат на почитување на договорот: „Страдањето мора да заврши“