ВМРО-ДПМНЕ ги плаќаше организаторите на „За заедничка Македонија“, одговори обвинетиот Нинџа

За случајот 27 април обвинетиот Нинџа на судењето денес, даде објаснување на прашањата на обвинителката Вилма Русковска кој давал наредби и командувал за организираниот напад во Собранието на 27 лани.

„Зоран Заев, Зоран Верушевски и Оливер Спасовски беа следени од Петтата управа. Има документација за ова. Петтата управа почна да ги следи кога почна објавувањето на бомбите. Следевме и новинар. Му поставивме камери дома на Алберт Муслиу“, ѝ одговори Нинџа на Русковска.

За организаторите на „За заедничка Македонија“, Нинџа појасни дека иако не видел со свои очи, бил информиран од Петтата управа дека биле плаќани од ВМРО-ДПМНЕ, и за тоа бил информиран директорот на УБК Владимир Атанасовски.

„Јас не сум ги видел со свои очи што имаа во џебовите кога излегуваа откај Кирил Божиновски, но од оперативни сознанија на Петтата управа знам дека биле плаќани од ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем и Никола Бошкоски ми кажа дека за тоа го информирал директорот на УБК Владимир Атанасовски“.

Нинџа одговори дека сите обвинети се искористени од ВМРО-ДПМНЕ и од раководството на Управата за безбедност и контраразузнавање за нивни лични цели.

Спире Ристовски и Кирил Божиновски беа тие кои ги координираа протестите на „За заедничка Македонија“, одговори Нинџа.

За 37 април рече дека во салата го видел само Митко Чавков. „Тоа што го видов тој ден го споделив само со Јавното обвинителство за организиран криминал“, што според него, во превод значи дека Обвинителството знаело за командниот штаб во ВМРО-ДПМНЕ“.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното