Свет
18,410,195
Вкупно активни случаи
Updated on 29/11/2020 15:21 15:21
Македонија
21,519
Вкупно активни случаи
Updated on 29/11/2020 15:21 15:21
Македонија
1,699
Вкупно починати
Updated on 29/11/2020 15:21 15:21
Македонија
37,505
Вкупно оздравени
Updated on 29/11/2020 15:21 15:21

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за хаос – Филипче: Со кој образ обвинувате, оставивте огромни долгови

Жестока, нервозна и на моменти тензична дебата со меѓусебни препукувања и префрлања кој е виновен за состојбата. Вака течеше расправата за измените на Законот за заштита на населението од заразни болести кое претпладнето се најде на претрес во матичната Комисија за здравство.

Пратениците од власта поднесоа 5 амандмани од кои првиот се однесува на задолжително носење маски, групирање на отворен простор и задолжителна самоизолација во период на тестирање за кои министерот Филипче рече дека тоа беше мерка во уредба, а ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека тие амандмани требале да бидат дел од законските измени, но и дека се недоречени.

loading...

„Задолжително носење на маски на отворено понатаму да се дадат ингеренции на инспекциските служби како сето тоа ќе го регулираат ќе го пратат ќе го санкционираат.“, вели Филипче.

„Забрана за групирање на јавен простор паркови и јавни површини или било која површина на отворено во одредени периоди од деноноќието. Во одредени периоди? Зошто во одредени периоди? Вирулентноста паѓа наутро или навечер? Други мерки утврдени со закон. Што значи други мерки утврдени со закон?“, праша Рашела Мизрахи.

Опозицијата бараше оставка од Филипче, тој им врати дека токму од кај нив не се почитуваат мерките и се оди во кафеани и теретани. Атмосферата се вжешти откако Олга Лозановска од ВМРО-ДПМНЕ го обвини министерот Филипче дека здравствените работници не се заштитени а здравството е целосно во хаос. Како не ви е срам да обвинувате вие кои оставивте долгови во здравството и врати Филипче.

„Зборувам за сите здравствени работници кои што работат во клиничките болници кои што треба да се однесуваат кон секој пациент како да е позитивен на Ковид а притоа им се дава една маска за 24 часа. Како може, да речеме во приватно здравство се да има а во државното не може да се тестираат граѓаните. Навистина здравството ни е во хаос, во катастрофална состојба, плус заразените здравствени работници.“, рече Лозановска.

„Знаете дека хаосот потекнува од 60-те милиони евра долг што ги оставивте. И ако сакавте во Дограма да инвестирате немаше да правите Скопје 2014, ќе ја направевте Дограмата, ќе ја направевте болницата од милијарда евра. Срамота е ова што го зборите. Јас не знам како излегувате овде и зборите не ми е јасно, со кое лице. Вие за здравствени работници зборите. Што зборувате…колку беа платите, каде се докторите. Во Германија зашто ги избркавте. Како не ви е срам не ми е јасно.“, рече Филипче.

По завршувањето на расправата на Комисијата, измените на законот попладнето треба да се најдат и на усвојување пред пратениците. А за утре претседателот на државата Стево Пендаровски го свика Советот за безбедност на кој ќе се расправа и за актуелната состојба со пандемијата на Ковид 19.

.

Извор: ТВ21

НАШ ПРЕДЛОГ

Во тек е спасувачка операција – најмалку десет рудари заробени во поплавен рудник во Кина

Повеќе од десет лица се заробени во поплавен рудник за јаглен во провинцијата Хунан, во централниот дел на Кина, соопштија денеска локалните власти. Кинеската агенција...

144 сакционирани возачи во Општина Центар

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.11) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на Општина Центар изречени...

Слета на пистата во Тузла за да ја запроси – пријателите поставија димни бомби, a таа рече да!

Еден млад претприемач од Тузла, Семир Алиќ, подготви луксузен и ненадеен предлог за девојчето. Во планот му помогнале пријатели, а девојчето, сега свршеница,...
Skopje
few clouds
8 ° C
8 °
8 °
52 %
0.5kmh
20 %
Sun
8 °
Mon
6 °
Tue
4 °
Wed
7 °
Thu
9 °