Свет
18,281,051
Вкупно активни случаи
Updated on 20/04/2021 18:02 18:02
Македонија
18,658
Вкупно активни случаи
Updated on 20/04/2021 18:02 18:02
Македонија
4,509
Вкупно починати
Updated on 20/04/2021 18:02 18:02
Македонија
124,828
Вкупно оздравени
Updated on 20/04/2021 18:02 18:02

ВМРО-ДПМНЕ го замрзна учеството во „Жан Моне“, од СДСМ вела дека ваквата одлука е неодговорност

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ го замрзна учеството во процесот „Жан Моне“, со кој беше предвидено да се надминат разликите меѓу партиите на власт и опозицијата. Според опозициската пратеничка група, ова е резултат на погрешните чекори на власта. Тие во својата реакција велат дека власта предводена од СДСМ, монтирајќи случаи, прислушувајќи пратеници, кршејќи процедури, ја натерала ВМРО-ДПМНЕ да го замрзне учеството во процесот „Жан Моне“.

Од Социјалдемократскиот сојуз велат дека замрзнувањето на учеството на ВМРО-ДПМНЕ во процесот на „Жан Моне“ е неодговорност и се коси со интересите на државата.

Инаку, досега беше побарано имунитетот да им биде одземен на 6 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и партиите во коалиција: Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, Љупчо Димовски и Сашо Василевски. Подоцна беше побарано без имунитет да остане и екс -премиерот Никола Груевски, а синоќа одземање на пратеничкиот имунитет беше побарано и за поранешниот собраниски спикер и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com