Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите

Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и албанската коалиција Вреди денеска ќе ги продолжат разговорите за состав на нова влада.

Оттаму ја потврдуваат средбата, но засега нема официјална информација за што ќе се разговара и каде.

Правата официјална средба помеѓу претставници на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се одржа во саботата на 14 мај.

Тогаш беше соопштено дека нивната соработка ќе се базира на три постулати – евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни