Опозициската ВМРО-ДПМНЕ утре ќе одржи Извршен комитет, на кој како што дознава 4NEWS.mk ќе се разговара за организирање на протест за в петок поради поскапувањето на цената на струјата.
„На Извршниот комитет ќе се разговара за организирање на протест в петок поради ново-утврдените цени на струјата“, вели за нас извор од партијата.
4NEWS.mk дознава дека Извршниот комитет е закажан за утревечер на кој ќе треба да биде донесена оваа одлука.
Инаку овој протест ќе биде она што и претходно го најави лидерот на партијата Христијан Мицкоски за активно политичко лето и излегување на народот на улица, откако премиерот Димитар Ковачевски не прифаќа лидерска средба поради барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори.
Инаку според денешната одлука на Регулаторната Комисијата за енергетика, за 98,8 проценти од домаќинствата цената на електричната енергија ќе се зголеми за 7,4 процент.