ВМРО-ДПМНЕ на протести против „криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот“

ВМРО-ДПМНЕ повторно организира протест со возила на територија на Град Скопје, и општините Велес, Охрид, Куманово, Прилеп, Штип, Битола.

Протестот е најавен за утре, со почеток во 18:30 часот, а ќе започне од СЦ Јане Сандански, па се до Владата на Република Македонија.

„ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да се приклучат на протестот против криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот. Ова самоволие на власта мора да прекине!“, посочуваат од таму.

.

Извор: ТВ21