Македонија

ВМРО-ДПМНЕ обвинува, МВР демантира: Началник на полиција под истрага, но сѐ уште работи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, веќе два месеци го држи Љупчо Трајковски на позицијата началник на СВР – Штип, против кого се води кривична постапка за криумчарење на мигранти, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Орце Ѓорѓиевски, вели дека на Трајковски му е изречена мерка на претпазливост и му е одзема патната исправа.

Реагираа од МВР. Од таму ги демантираат обвинувањата на опозициската партија. Велат дека осомничениот Љупчо Трајковски во моментов не ја врши својата должност, дека против него е поведена дисциплинска постапка и дека е суспендиран сѐ до завршување на истата.

-По добиено писмено одобрение од надлежното Обвинителството, Одделот за внатрешна контрола, поведе постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и наложи истиот да биде суспендиран до завршување на дисциплинската постапка.-велат од МВР.

Во демантот на МВР, меѓу другото пишува дека Љупчо Трајковски не извршува работни задачи бидејќи е на боледување и дека неговата задача ја презел помошник началникот, кој како што додаваат, ги врши своите должности согласно законот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни