Министерството за финанасии на 28 март, три дена пред почетокот на претседателската кампања распишало оглас за 22 времени вработувања во Царинска Управа. Се бара понудите да се достават три дена пред првиот круг на претседателските избори. Ова за ВМРО-ДПМНЕ е поткуп и корупција за изборни цели.
-Еве ја понудата во пари тешка над 2 милиони 203 денари, но во етичка, и правна смисила многу потешка-изјави Стоилковски.
Царинската управа го демантира тврдењето на порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски дека ,,Пред избори е распишан оглас за 22 времени вработувања во Царинската управа“. Царинската управа ниту вработува, ниту објавува огласи за вработување во дневни весници. Истакнуваме дека станува збор за целосна лага и обид за дезинформирање на јавноста.
Ваквиот начин на информирање на јавноста е тенденциозно дезинформирање од страна на ВМРО ДПМНЕ и целосно е во спротивност со политичката етика и професионализам.
-Видно од објавата е дека станува збор за објава на оглас за доделување на договор за јавна набавка за услуга за привремено вработување.Оваа набавка е планирана согласно Законот за јавни набавки со план за јавни набавки за 2019 година донесен на 24.01.2019 година од страна на директорот на Царинската управа. Планот е објавен на веб страната на Царинската управа. Набавка е планирана под реден број 21 со очекуван почеток на набавката во месец март и проценета вредност на набавката од 2.600.000,00 денари со ДДВ.-изјави заменик директорот на Царинската управа, Ирфан Бучи.
Кога сме кај вработувањата, министерот Дамјан Манчевски информираше дека бројот на вработувања во 2018 –та е зголемен за 4 175 споредено со 2017-та. Тоа се новите вработувања во труд и социјала и образование. Вкупно 2 156 лица, поради недостаток на кадар и 1 963 во здравството.
-Оние на кој што паѓа најголемиот терет во следниот период, реформи, преговори со ЕУ, НАТО , нивниот број се намалува. Тоа е она што е проблем и терба да го решаваме сите заедно-вели Манчевски.
132 068 изнесува бројот на вработени во јавниот сектор заклучно со 31.12.2018. Со вработените во Акционерски друштва во целосна државна сопственост и преку агенциите за привремени вработувања, бројот достигнува до 143 184. Поголем е процентот на жени од мажи во јавниот сектор во 2017 година или вкупно 58 5634, а 60 593 во 2018-та. Во 2018та зголемен е бројот на вработени високообразовани и магистри, од 46405 на 50 301 лице.
РЕПОРТЕРКА: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА