Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Очаен човек прави очајни чекори – Арсовска требаше да излезе и да понуди решение, но таа два дена смислувала што да излаже

ВМРО-ДПМНЕ: Очаен човек прави очајни чекори – Арсовска требаше да излезе и да понуди решение, но таа два дена смислувала што да излаже

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираат на фејсбук статусот на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Од таму велат дека очаен човек прави очајни чекори.

„Денес требаше Арсовска да излезе и да понуди решение, но таа два дена смислувала што да излаже.

На сите прашања што се однесуваат на ВМРО-ДПМНЕ одговорот е НЕ.

Е сега кога сме кај прашањата:

Дали на средбата Арсовска Ковачевски е договорено провизија, наместо попуст?
Зошто во договорот за нафта со Пуцко Петрол нема ниту еден процент попуст, а во сите претходни има. Од Костовски, преку Трајновски до Шилегов.

И дали е точно дека бугарски автобуси треба да вршат јавен превоз како замена за тековниот?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни