ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски знае дека е жртвено јагне на Заев, па не бира методи за да се бламира себе си

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека претседателскиот кандидат Стево Пендаровски знае дека е жртвено јагне на Заев, па не бира методи за да се бламира себе си како целиот циркус да биде поавтентичен.

„Стево Пендаровски губи, тој знае дека не ја ужива довербата на граѓаните, па се труди да зборува за се само не за вистинските проблеми на граѓаните.

Власта молчи два дена откако Стево Пендаровски излезе и кажа дека е следен од странси служби. Никој од МВР не кажува дали Пендаровски е следен и од кого и дали истиот со измислување лаги не создава алиби за претстојниот изборен пораз.

Пендаровски знае дека нема поддршка од граѓаните, па затоа мора и да измислува. Пендаровски знае дека е жртвено јагне на Заев, па не бира методи за да се бламира себе си како целиот циркус да биде поавтентичен. Спасовски нема контрола над ситуацијата, а жртви поради тоа се сите граѓани.

Спасовски треба веднаш да излезе и да каже, дали Пендаровски е следен и од кого, во спротивно ќе се потврди дека тој лаже само да го оправда претстојниот пораз.

Пендаровски и неговиот ментор, Зоран Заев ќе изгубат на претседателските избори. Граѓаните ќе го поразат СДСМ и ќе го дадат својот глас за Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде и причина за распишување на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе го испратат СДСМ во историјата.“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното