Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Прво лажат па се извинуваат – од СДСМ велат: Единствена партија која намерно креира лажни вести е ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Прво лажат па се извинуваат – од СДСМ велат: Единствена партија која намерно креира лажни вести е ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение информираат дека СДСМ прво лажат, па потоа се извинуваат.

„Како што лажеа за директорите во МЕПСО, така лажеа и за патувањето на сопругата на Муцунски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, „СДС вчера беа фатени како ноторно лажат“.

„Наводниот скандал за директори во МЕПСО пукна во голема срам за таа партија, ниту синот на Ѓорѓе Иванов е директор во МЕПСО, ниту сопругата на водителот Богдан Илиевски. СДС виде дека не им помина лагата, и наместо гнев кај народот за ВМРО-ДПМНЕ предизвикаа дополнително гадење од СДС. Исто како што лажеа вчера за МЕПСО, излажаа и за патувањето  на сопругата на Муцунски во Вашингтон, кое не се ни случило. Во рок од неколку дена СДС се фатени во две огромни лаги, тоа е ефектот од ПР на Рејтинг на Спасов“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На ова реагираа и од СДСМ од каде велат дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која намерно и со план во континуитет креира лажни вести.

„СДСМ од друга страна одржа лекција како се постапува во случај на ненамерна грешка или превид. Сите досегашни информации кои ги објави СДСМ се точни во целост, а ВМРО-ДПМНЕ немаше одговор на ниту една.

ВМРО-ДПМНЕ криеше и спинуваше додека конечно не мораа да признаат.

Такви се случаевите со луксузните карти и фамилијарните патувања на Мицкоски за САД кои ги криеше како змија нозете, таков е скандалот со министерката Божиновска која исчезна од јавноста откако СДСМ објави дека преку својата компанија должела милион евра на МЕПСО, таков е и скандалот со Игор Јанушев кој на поклон си добил стан од 320.000 евра. Скандалите на ВМРО-ДПМНЕ се нижат од ден во ден и СДСМ ќе продолжи да ги објавува“, велат од СДСМ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни