ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се синоним за криминал, корупција и предавства

Каде е Венко Филипче? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението до јавноста.

„Дали е точно дека 5 дена Венко Филипче е надвор од државата?

Тој од 10.05 2025 година ја напушта Македонија одејќи во Грција.

Дали е точно дека тој всушност пишува фб статуси за жртвите од Кочани и лажно лее солзи за памфлетот од закон за Кочани од грчките плажи?

Дали е точно дека потоа од солунскиот аеродром лета за Дубаи со златната виза?

Дали случајно е во Дубаи по бизнис заедно со Зоран Заев?

Јавноста заслужува одговори за тоа каде е Венко Филипче.

Срамно е што на неговата фејсбук страна објавува статуси за Кочани и се претставува за лажен заштитник, во исто време кога сета по песочните плажи и ужива во украдените пари.

СДС и Филипче се синоним за криминал, корупција и предавства“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното