СДС и Филипче месец дена се препелкаат во лавиринтот на сопствените лаги за криминалот на Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Артан Груби направи милионски криминал во време кога премиер беше од редовите СДС.
Груби крадеше додека на чело на МВР беше Оливер Спасовски од СДС, а обвинители и судии се бираа во Зајас и Струмица.
Груби правеше милионски криминал а СДС молчеа за ден повеќе на власт.
СДС и ДУИ дозволија криминалот да се прошири во секоја пора на општеството а корупцијата да цвета.
СДС треба да се огради од Груби и да се извини на народот, затоа што знаеја а дозволија народот да се осиромаши и државата да се девастира“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.