Наместо подобар Закон за социјална заштита, СДСМ го водат системот во пропаст со одбивањето на сите амандмани од ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од опозицијата.
„Заеви и криминалниот картел околу нив секојдневно ги шират бизнисите и го зголемуваат богатството, а социјално загрозените категории се повеќе осиромашуваат.
Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев го води системот на социјална заштита во пропаст. Наместо да се грижат за најраливата категорија на граѓани како што ветуваа пред избори, тие континуирано ги кратат нивните права.
Пратеничката група на СДСМ на вчерашната собраниска седница ги одби сите амандмани предложени од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ поднесени за Законот за социјална заштита.
Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ беа изготвени во координација со претставници од социјално ранливи групи , со лицата со попреченост и нивните претставници. Амандманите на ВМРО ДПМНЕ беа во полза на овие граѓани, но Заев одлучи да ја крати помошта која ја добиваат.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.