ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ како опозиција водеше кампања против вакцините, а сега бараат граѓаните да им веруваат

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче кој истакна дека нема потреба од паника за вакцините, и грешката околу декларациите. Опозицијата реагира дека во ек на епидемија во 2011 година, СДСМ водеше кампања токму против вакцините.

„Хаосот во врска со вакцинирањето на децата настана токму поради кампањата на Филипче и Заев дека ако граѓаните ја поддржат промената на името и со влезот во Европската унија ќе има квалитетни вакцини

Се вчитува...

Од опозиција во 2011 година СДСМ водеше кампања против вакцинирањето во ек на епидемија.

Сега според СДСМ од власт вакцинирањето е задолжително и e обврска за родителите.

На кое СДСМ треба граѓаните да му веруваат? На она кое свесно креираше паника против вакцинирањето и придонесе за антивакциналното расположение или на ова сега што ја предводи Владата?

Јасно е дека децата треба да се вакцинираат, а Филипче и Заев да престанат да манипулираат со јавноста. Тие ги лажат родителите на децата. Филипче по ова треба веднаш да поднесе оставка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: ТВ21