Нова реакција од ВМРО-ДПМНЕ по повод соопштението на СДСМ дека се превземаат мерки за чистење на воздухот.
„СДСМ се фали со невидливи мерки. СДСМ сака да пишува дека спроведуваат мерки, што народот не ги чувствува ни гледа. Загадениот воздух зема се поголем замав, а СДСМ освен што лаже и игра игрици ништо не презема.
Се вчитува...
Клиниките секој ден се повеќе се полнат со луѓе кои имаат здравствени проблеми поради енормниот загаден воздух. Време е да се стави крај на лажните ветувања и невидливите мерки на СДСМ.
Народот ќе го казни СДСМ и ќе стави крај на оваа црнила која владее во Република Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
