Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Се случува узурпација на Охридското Езеро, власта молчи и не превзема ништо

Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ, денеска пред владата даде изјава во која истакна дека власта не превзема ништо со случувањата на узурпација на Охридското Езеро и палење на трската, како и за никнувањето на објект на езерото Матка.

„Во моментов се случува окупација и узурпација на брегот на Охридското Езеро, а власта премолчува и не презема ништо.

Палењето на трската на најразлични локации на брегот на езерото јасно ја покажува неодговорноста и негрижата на природното богатство и Охридското Езеро како македонски бисер, од страна на централната и на локалната власт. Очигледно е дека се работи за смислено и добро испланирано сценарио. Самиот факт дека надлежните се исклучително пасивни по однос на зачестените палења на трската, особено пред почетокот на летната туристичка сезона, наведува дека позадината на овие случувања е сосема друга.

Можно е исто како и на езерото Матка крај Скопје, преку ноќ да никнат нови платформи, нови плажи или темели од некој објект. И додека се чека реакција од страна на институциите на државата, можеме повторно да бидеме сведоци некој да побара и легализација на овие објекти и повторно сите да се прогласат за ненадлежни.“, изјави Славева.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни