ВМРО-ДПМНЕ во сабота ќе го одржи својот 18. партиски конгрес, на кој делегатите ќе избираат претседател на партијата. Засега, единствен кандидат е актуелниот лидер Христијан Мицкоски.
На конгресот се очекува присуство на 860 делегати и околу 1.800 гости. Покрај изборот на претседател, ќе бидат формирани и Статутарната комисија, како и Комисијата за надзор на финансиското работење.
Според најавите, партијата ќе го усвои и стратешкиот документ „Македонија 2030“, кој треба да ја трасира идната насока на ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија. Главните столбови на оваа стратегија ќе бидат презентирани на самиот конгрес.