ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски молчат за скандалот со прислушувањето

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно ги повика премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи да дадат одговори на јавноста за како што велат нелегалното прислушување на јавните обвинители и обвинителството. Од партијата посочуваат дека одговорноста за овој скандал го имаат токму Заев и Спасовски, а според нив инситуциите не се слободни професионално да ја работат нивната професија.  Ова е скандал за кој до сега требаше да паднат првите оставки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Срамно е и опасно ова што се случува во моментот во државата. Веќе никој не е безбеден, а Заев, Оливер и останатите од СДСМ на најгруб начин ги злоупотребуваат позициите и ги ставаат под контрола и надзор институциите. Ова воопшто не е согласно законите и затоа уште веднаш треба да си поднесат одговорност и оставка“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Се вчитува...

Извор: ТВ21