ВМРО-Народна: Прашањето за јазикот е затворено уште пред 20 години – го преговараа Борис Трајковски и Антонио Милошоски

Додека траат актуелните препукувања на релација Скопје – Софија околу употребата на македонскиот јазик, ВМРО-Народна партија (ВМРО-НП) излезе со став дека оваа дебата е беспредметна бидејќи прашањето е одамна затворено.

Партијата на Љубчо Георгиевски ги потсетува политичките фактори дека проблемот со јазикот помеѓу двете држави е решен уште со договорот помеѓу тогашните премиери Иван Костов и Љубчо Георгиевски, врз база на јасна формула за реципроцитет.

Се вчитува...

Формулата што го реши проблемот

Од ВМРО-НП потсетуваат дека договорот гласи:

„Македонски јазик според Уставот на Република Македонија и бугарски јазик според Уставот на Република Бугарија.“

Кој го договори ова?

Во своето соопштение, ВМРО-НП испраќа директна порака до својата „мајка-партија“ ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи ги на историските факти и луѓето кои учествувале во тој процес.

„Тогашниот процес на договарање од македонска страна го има водено и потпишано политичка партија со име ВМРО-ДПМНЕ. Главен преговарач беше тогашниот заменик министер за надворешни работи, г-динот Борис Трајковски, а од кабинетот на премиерот активно учествуваше г-динот Антонио Милошоски“, се наведува во реакцијата.

Апел до Софија: Почитувајте го потпишаното

Партијата смета дека и денешната, но и секоја идна бугарска влада, има обврска да го почитува она што го потпишале нивните претходници. Ставот на ВМРО-НП е дециден – двете страни не треба дополнително да отвораат прашања кои се веќе затворени пред повеќе од 20 години.