ВНИМАНИЕ! На автопатот Скопје-Велес, возило се движи во спротивна насока

До редакцијата на 4NEWS.mk пристигна информација дека еден автомобил се движи во спротивна насока по автопатот Скопје-Велес.

„Многу е опасно ве молам информирајте за безбедноста на сите“, пишува во пораката која попладнево пристигна до нас.

Кон дојавувачот апелиравме да го пријави случајот во министерството за внатрешни работи, а тој потврди дека веќе тоа го сторил.