Центарот за управување со кризи (ЦУК) и општинските служби испратија итно предупредување до граѓаните. Поради обилните врнежи од дожд, повторно се активирало свлечиште на патниот правец кон тетовска Бања, што претставува сериозна опасност за учесниците во сообраќајот.
Информацијата е потврдена по добиена пријава на единствениот број за итни повици 112.
Апел: Не тргнувајте на пат!
Надлежните упатуваат силен апел до сите граѓани и возачи:
„Се апелира до граѓаните да не патуваат на оваа делница додека не се стабилизира состојбата.“
Екипите се на терен
Општинските екипи веќе се излезени на лице место. Се работи на следење на состојбата и проценка на ризикот, пред да се пристапи кон расчистување на теренот. Сообраќајот на овој потег е ризичен и ќе биде нормализиран дури откако ќе се создадат безбедни услови.
