Внимавајте ако патувате кон Свети Наум: Одрон кај Трпејца, се вози по една лента

Од 11 часот сообраќајот е нормализирна.

Сообраќајот на регионалниот патен правец Р1301 Охрид – Свети Наум од утрово се одвива под вонреден режим. Причината е појава на одрон на коловозот, што го отежнува движењето на возилата.

Според официјалните информации, измената на режимот стапила на сила во 06:30 часот.

Проблемот е лоциран на потегот од селото Трпејца кон манастирскиот комплекс Свети Наум. На овој дел од патот, сообраќајот моментално се одвива само по една коловозна лента.

Надлежните служби се на терен за расчистување на одронот. До целосно нормализирање на сообраќајот, се апелира до сите учесници во сообраќајот на:

  • Максимална внимателност;
  • Прилагодување на брзината спрема условите на патот;
  • Почитување на поставената сигнализација.