Управата за јавни приходи известува дека изминативе денови непознато лице, лажно се претставувало дека работи во Управата за јавни приходи како одговорно лице за наплата на долгови и барало пари од даночни обврзници со цел да го намали долгот што истите го имале спрема Управата за јавни приходи.
Управата за јавни приходи денес дојде до оваа информација, и согласно член 391 од Кривичниот законик веднаш ја пријави оваа случка во Министерството за внатрешни работи во ОВР Кавадарци .
УЈП известува дека задолженијата што даночните обврзници ги имаат (согласно даночните решенија и пријави) и уплатите, преку носителите на платен промет и трезорскиот систем се книжат автоматски. Само со плаќање на даночниот долг преку носителите на платен промет и трезорскиот систем може да престане обврската на даночниот должник.
Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да не потпаѓаат под вакви дејствија на поединци.