Од аптеките на хрватскиот пазар се повлекуваат капсулите Креон 10.000 на Виатрис Хрватска, отпорни на желудник, соопшти Агенцијата за лекови и медицински производи (ХАЛМЕД).
Серијата 64840 од овој лек кој се користи за проблеми со панкреасот и желудникот се повлекува поради дефекти во квалитетот. Се вели дека повлечената серија содржи одредена микробиолошка контаминација.
На хрватскиот пазар достапни се и други серии на лекови кои не се засегнати од споменатиот дефект, се вели во соопштението на ХАЛМЕД и се додава дека врз основа на расположливите податоци во моментов нема ризик за безбедноста на пациентите кои го земаат овој лек, пишува Танјуг.
