Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил сподели фотографија од Деан Ристов од Виница кој вели дека ова е прв пат да дарува крв.
„Првпат дарувам крв и планирам да продолжам со дарување. Во август заболев од ковид-19, за среќа имав полесна клиничка слика, со симтоми како омалаксаност, без осет за мирис и вкус и по моето успешно заздравување одлучив да помогнам таму каде што е навистина неопходно. Апелирам тоа да го сторат и останатите оздравени пациенти кои имаат можност за тоа“, вели Деан Ристов од Виница.
Филипче додава дека со ова дарување на крвна плазма, Ристов покажал вистинска хуманост, следејќи го својот човечки инстинкт да помогне на пациентите кои во моментов се соочуваат со ковид-19.
.
