Македонија

Во близина на гевгелиско село пронајдени 142 мигранти

Во близина на гевгелиско село пронајдени 142 мигранти
Денеска (15.09.2022) во 02.00 часот во близина на с.Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ – Полициска станица за граничен премин и граничен надзор откриле група од 142 лица мигранти (96 од Сирија, 33 од Пакистан, шест од Индија, четири од Сиера Леоне, двајца од Мали и еден од Бурунди). Лицата биле спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни