Во Буенос Аирес немаше фудбал, имаше судири, пукања, апсења…

Наместо големото дерби помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс, синоќа во Буенос Аирес имаше хаос по улиците, тепачки, пукања, а полицијата мораше со водени топови и со солзавци да ги растерува навивачите на Ривер кои го нападнаа автобусот на Бока Јуниорс, притоа биле повредени двајца играчи.

И покрај тоа што дербито требаше да почне во 23:15 часот, сепак, истото беше одложено за денеска. Некои информации кажуваат дека првите луѓе на натпреварувањето „Копа Либертадорес“ заклучиле дека нема услови дербито да се одигра на овој стадион, па може да биде одложено и за друг ден, па дури и на друг стадион.

Полициското обезбедување вчера беше обвинето за нападот на автобусот на Бока при пристигнувањето на „Монументал“. Неколку стотици навивачи на Ривер го каменувале автобусот на Бока, и успеале дури да фрлат и солзавец. Неколку играчи побарале лекарска помош.

Според некои информации ранет е еден навивач на кого бил испукан гумен куршум од полицијата. Имало и апсења низ улиците, палења, кршење на излози и на станбени згради.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното