ФК Сараево донесе одлука западната трибина на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ да го носи името на легендарниот пејач на народна музика Халид Бешлиќ, кој почина во вторникот, на 7 октомври.
Познато е дека Бешлиќ беше навивач на бордо клубот
„На нашиот Халид – пријател и верен навивач. Во име на сите навивачи на Фудбалскиот клуб Сараево, вработените, играчите и Управниот одбор, ти изразуваме длабока благодарност за сè што направи за нашата татковина, за овој град и за нашиот клуб – не само преку песната, туку и преку својот живот, карактер и љубовта што со години ја делеше со сите нас.
Затоа, од денес, западната трибина го носи твоето име – за да се знае и памети, за секоја песна и секој повик од неа да биде и твој глас.
Бордо и Плави тагуваат по заминувањето на легендата – сараевските клубови се простија од Халид Бешлиќ.
Ти благодариме, Халиде, што беше наш. Оваа трибина, овој клуб и овој град ќе те паметат вечно.
Нека ти е вечен спомен и мир на душата,“ наведоа од ФК Сараево.