Балкан

Во дел од БиХ откажана наставата, огромни проблеми поради снегот

Во дел од БиХ откажана наставата, огромни проблеми поради снегот

Снегот денеска создаде потешкотии во сообраќајот во поголемиот дел од Босна и Херцеговина, а во Унско-санскиот кантон поради тоа беше откажана наставата во сите училишта.

На клучниот пат М-17 од северот на земјата кон Сараево, бројни камиони останаа заглавени во снегот, па сообраќајот на делницата меѓу Жепч и Маглај кај тунелот Караула е предмет на долготрајни задржувања и ограничувања.

Сообраќајот на главниот пат Градачац-Орманица е запрен, а воведена е и обврска за користење синџири за сите товарни возила на речиси сите планински превои, потврдија од Авто-мото клубот Босна и Херцеговина.

Во подрачјето на Херцеговина претежно врне дожд, но на сите кои планираат да патуваат од БИХАМК им е упатено предупредување внимателно да ја следат временската прогноза.

Метеоролозите прогнозираат дека до крајот на денот снегот во низините ќе достигне и до 30 сантиметри, а на планините снежната покривка повеќе од половина метар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни