Делови од Америка кон крајот на оваа недела ќе се „замрзнат“ и ќе биде -50 степени. Вакви ниски температури во САД се случуваат еднаш на 50 години.
Вонредна состојба е прогласена од Висконсин до Алабама, а властите во Ајова ги предупредија луѓето да не дишат длабоко и да не зборуваат премногу доколку излегуваат од своите домови.
Метереолозите предвидуваат дека денеска во Чикаго ќе биде поладно од Антарктикот.
Претседателот Трамп, пак, на „Твитер“ праша каде е глобалното затоплување.
„Што се случи со тоа глобално затоплување? Те молам врати се, ни требаш“, напиша Трамп на својот профил.