Градоначалникот на Тузла, Зијад Лугавиќ, утрово потврди дека во пожарот во Домот за пензионери загинале 11 лица.
Неофицијално, 30 лица се хоспитализирани, од кои четири се на респиратор.
Три полицајци и пет пожарникари се задржани на лекување, но сите се надвор од животна опасност.
Меѓу повредените има и медицински работници, како и вработени од Домот за пензионери во Тузла.
Медицинска помош на загрозените пружале и екипи од домовите на здравје во Лукавац, Сребреник и Калесија.
Телата на настраданите ќе бидат пренесени во Комеморативниот центар за идентификација и обдукција.