Балкан

Во Драч одземени 500 илјади непријавени евра

Албанските власти одзеле 500 илјади непријавени евра кои биле скриени во таванот на автобус кој пристигнал со траектот што сообраќал на релација Бар-Бари за Драч.

Полицијата го привела Елидон Чела сопственик и возач на автобусот.

,,Не е првпат транспортната компанија во сопственост на Елидон Чела да стане предмет на прекршување на законот. Познато е дека и претходно фирмата била под истрага на полицијата и биле откриени многу пари, во секој случај во помала сума од запленетата денеска” јави abcnews.al.

Поради оваа причина, компанијата била „под надзор поради високиот ризик” а полицијата со помош на скенерот успеала да ги пронајде парите скриени во горниот дел од автобусот.

Парите се во различни апоени, 10, 20, 50 и 100 евра поделени во 6 најлонски ќеси.

Во ова, најголемо албанско пристаниште, ова не е прв откриен случај на откриен обид за влез на средства, во различни износи.

Највисок износ е откриен во јуни 2018 година. Тогаш во автомобил марка „Тојота јарис”, без регистарски таблички, беа откриени и одземени 1,5 милиони евра, сите во апоени од по 100 евра, кој пристигнал со траектот кој испловил од Анкона.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни