Свет

Во експлозија на нафтовод во Мексико загинаа повеќе од 20 лица

Најмалку 21 лице го загуби животот, а повеќе од 70 се повредени во експлозија во нафтовод во централниот дел на Мексико каде што луѓето се обидувале да ги наполнат своите канистери со нафта.

Течењето на нафтата се случи откако крадците го дупнале нафтоводот.

На телевизиските снимки може да се види како лица со канистери крадат нафта од млазовите кои се пролеваат од нафтоводот. Се стравува дека ова не е конечната бројка на загинати и повредени.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни