Свет

Во Финска 67.000 луѓе останаа без струја, висината на снежната покривка беше 20 сантиметри

Во Финска 67.000 луѓе останаа без струја, висината на снежната покривка беше 20 сантиметри

Финска ја зафати невремето Лили, кое корнеше дрвја, однесе покриви, а 67.000 луѓе останаа без струја поради снегот и силниот ветер, јавија денеска финските медиуми.

Спасувачките екипи имаа многу работа да ги отстранат последиците од невремето, како паднати дрвја и оштетени покриви, пренесува финскиот медиум Yle.

Обилен снег падна во јужните и западните делови од земјава, а на места висината на снегот достигна и 20 сантиметри.

Претходно денеска беше објавено дека во крајбрежните области на западот на Финска ветерот достигнал брзина од 33,5 метри во секунда.

Поради снежните врнежи прекин на електричната енергија имаше и во многу домаќинства, а на места беше прекинато и водоснабдувањето.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни