Во хеликоптерската несреќа во Њујорк загинаа три деца, родителите и пилотот!

Шест лица загинаа кога денеска напладне хеликоптер се урна во реката Хадсон во близина на Долна Менхетен во Њујорк.

Според изворите, во хеликоптерот имало пилот, двајца возрасни и три деца. Потрагата по шестиот патник е во тек.

Очевидци опишуваат сцена на хаос – велат дека падот бил проследен со силен звук, сличен на пробивање на звучна бариера. Хеликоптерот се распаднал на половина откако удрил во водата, пренесува ABC News.

Несреќата се случила во близина на долниот дел од Менхетен, на страната на реката што е поблиску до Њу Џерси. Надлежните служби веднаш реагирале, а крајбрежната стража ја затворила областа за бродски сообраќај додека трае истрагата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното