4NEWS.mk

Во Хрватска зголемен бројот на заболени од сипаници

Во Хрватска расте бројот на заболени од сипаници, откако по претходно евидентираните седум лица, кои меѓусебно не се познаваат, за време на минатиот викенд во Клиниката за инфентивни болести се пријавиле уште три лица.

Кај двајца од нив лабораториски е потврдена болеста, а за едно лице се уште се чекаат резултатите.

Сите пациенти на Клиниката се примени со висока температура, а од сите досега евидентирани заразени со сипаници, шестмина не се вакцинирани.

Од сите случаи никој нема развиено тешка клиничка слика, тврдат епидемиолозите кои очекуваат оваа заразна болест да се шири.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни