Во Институтот за судска медицина во Приштина утринава избувна пожар, нема повредени

Во Институтот за судска медицина во Приштина утрово избувна пожар, јавува весникот „Коха диторе“.

Пожарникарите за весникот изјавиле дека пожарот се проширил на вториот кат од зградата и нема повредени. Пожарот во моментов е локализиран.

Според пожарникарите, во канцеларија на вториот кат изгореле само документи, а причините за пожарот се нејасни.

Се претпоставува дека канцеларијата му припаѓа на поранешниот директор на институтот, Арсим Гурјалиу, забележува „Коха диторе“.

Пожар на крајот на март годинава имаше и во зградата на Институтот за судска медицина, а наводна причина за пожарот е дефект на електричната инсталација.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното