Божиќното пиво, направено од грашок и маринирана црвена зелка, стана хит меѓу купувачите во Исланд во предбожиќниот период, а исчезна од полиците на продавниците за неколку часа, објавија локалните медиуми.
Божиќното пиво Ора (Ора Јолабјор) го произведува мала пиварница од Рејкјавик, а неговото создавање е инспирирано од традиционалната исландска божиќна вечера.
Исландската празнична гозба се состои од грашок и црвена зелка послужени со чаден јагнешки бут и карамелизиран компир.
Ново пиво со 5,2 отсто алкохол, беше идејата на Валгеира Валгеирсон, главниот производител на пиво во RVK Bruing.
Се стекна со добра репутација во изминатите неколку години кога лансираше популарни божиќни пива од алги, стебла од новогодишни елки, па дури и сушени риби.
Самиот Валгеиршон (41) низ смеа признава дека рибиното пиво „во најмала рака било необично“.
