Македонија

Во изминатите 24 часа 7 лица ја изгубија битката со ковид-19, најмладиот 39 години – пријавени дополнителни 6 починати лица

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 7.724 тестови, а регистрирани се 1.964 нови случаи на ковид-19.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се и 7 починати лица:

  • 2 починати лица од Скопје (82г и 87г)
  • 2 починати лица од Прилеп (74г и 86г)
  • Едно починато лице од Ресен (67г)
  • Едно починато лице од Струга (71г)
  • Едно починато лице од Крива Паланка (39г).

Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 6 лица, 2 починати лица од Гевгелија (66г и 78г) и по едно починато лице од Скопје (71г), Битола (78г), Делчево (70г) и Кавадарци (76г), починати во период од 30.12.2021-08.01.2022г.

Починатите се на возраст од 66 години до 78 години. Од пријавените 3 лица се починати во болнички услови и 3 во домашни услови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни