На почетокот на јануари ќе има обвинение за „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски. Ова го изјави обвинителката Вилма Рускоска, која воедно информираше дека вчера и завчера осомничените извршиле увид во доказите.
Од друга страна пак, министерот Оливер Спасовски, ги негираше тврдењата дека имал контакт со првообвинетиот, Бојан Јовановски.
За новите „бомби“ објавени на Јутјуб поврзани со случајот „Рекет“, во кои се слуша гласот на Орце Камчев, говореше и јавниот обвинител Љубомир Јовески. Како што вели тој, Јавното обвинителство не ги поседува тие „бомби“.
Инаку, за случајот со невладиниот Меѓународен сојуз пред Рускоска ќе одговараат таткото на Боки-13, Миле Јовановски, заменик-претседателката на Сојузот, Јасна Мандиќ и пратеничката Фросина Ременски, која беше почестен претседател на Сојузот.