Свет

Во Јемен убиени 24 членови на Ал Каеда

Во Јемен убиени 24 членови на Ал Каеда

Војската спроведе антитерористичка операција во јужниот дел на Јемен, при што беа убиени 24 членови на групата Ал Каеда .

Ова го објави Ксинхуа.

Владините трупи ги нападнаа упориштата на терористичката група Ал Каеда во различни области на провинцијата Абјан. Елиминирани се 24 терористи.

На 24 септември, армијата започна нова етапа од својата антитерористичка кампања чија цел е да ги истисне исламистите од провинцијата .

Провладините сили поддржани од Саудиска Арабија ги продолжија своите операции против милитантите во други јужни области на Јемен.

Потсетуваме дека во август САД спроведоа антитерористичка операција при која беше елиминиран лидерот на „Ал Каеда“ Ајман ал Завахири .

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни