Македонија

Во канал кај скопско Стајковци пронајдена почината 78-годишна жена – била пријавена како исчезната

Во канал кај скопско Стајковци пронајдена почината 78-годишна жена – била пријавена како исчезната

На 10.12.2022 во 15,30 часот во Полициска станица Гази Баба е пријавено дека околу 13.00 часот на место викано „Орман трло“ во атар на с.Стајковци, скопско во канал со вода е пронајдена почината З.Д.(78) од с.Стајковци која на 07.12.2022 од нејзината ќерка С.С.(45) од Скопје е пријавена дека се оддалечила од домот.

Од лекар од итна медицинска помош е констатирала смрт без траги на насилство.

За настанот известен е Јавен обвинител по чија наредба телото на починатата е предадено во Судска медицина.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни