Македонија

Во клиничката болница Битола донесено починато неколкумесечно бебе

Во клиничката болница Битола донесено починато неколкумесечно бебе

На 27.11.2022 во 08.40 часот во СВР Битола, од Одделението за педијатрија при Клиничката болница Битола било пријавено дека кај нив било донесено починато неколкумесечно бебе.

Бил извршен службен разговор со дежурниот лекар кој изјавил дека бебето имало повеќе здравствени проблеми.

Во службен разговор, родителите Н.Г. и Ј.Г. изјавиле дека во 07.00 часот бебето било без знаци на живот, по што го донеле во болница.

По наредба на Јавен обвинител над телото на бебето ќе се врши обдукција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни